Францускиот судија Тони Чапрон нема да суди во наредните три, а можеби и шест месеци.
Потсетуваме, тој во средината на јануари ја шокираше фудбалската јавност кога во текот на натпреварот меѓу ПСЖ и Нантес намерно го удари Диего Карлос кој претходно ненамерно трчајќи успеа да го сруши, по што беше и исклучен од игра поради сомневање дека истиот намерно го има соборено.
Се уште има шанса да суди последниот месец бидејќи неговата казна е преполовена, односно, три месеци казнет условно.
Одлуката требаше да биде донесена на 8. февруари, но самиот судија бараше сослушувањето да биде одржано порано. Иако тој се извини, неговата казна беше неопходна.