fbpx
16.8 C
Skopje

АПСОЛУТЕН РАСПАД НА СИСТЕМОТ: Хрватите во кавга со Икарди, Реал задоволно ги трие рацете

АКТУЕЛНО

Дека нешто не чини во Интер, тоа не е никаква новост…

После неочекуваното реми на гостувањето кај СПАЛ во минатото коло, жестоко меѓусебно  се скараа играчите на тој состав од Милан.

Спрема пишувањата на италијанскиот весник  Corriere della Serra, во кавгата главниот збор го има хрватскиот двоец Перишиќ – Брозовиќ кој имаше кавга со капитенот на Нероазурите Мауро Икарди.

Доказ од кавгата има на социјалните мрежи. Брозовиќ Аргентинецот престана да го следи на Инстаграм, додека Перишиќ го избриша од листата на пријатели од Фејсбук. Модерни времиња!

Деветката на миланскиот состав има и други проблеми на приватен план бидејќи е во кавга со неговата сопруга и менаџерка Вандом Наром, а од целата ситуација највеќе би можел да профитира Реал кој со задволство сака да го види 24. годишниот фудбалер во своите редови.

Проблемите во својата екипа ги призна дури и претседателот Масимо Морати, а за мир во куќата не придонесува ниту финансиската нестабилност на сопственикот на кореанската група Suning.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -