13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

КОНТЕ ПОКРАЈ КРИСТИЈАНО, ПРЕД НОС МУ ГО КРАДЕ И „НОВИОТ РОНАЛДО“ НА РЕАЛ

Италијанецот има желба да купи двајца или тројца играчи, но кои навистина ќе можат да направат разлика во играта на “Сините“.

Менаџерот на Челси Антонио Конте е категоричен – сакаме двајца или тројца играчи, но од светска класа, фудбалери кои можат да направат вистинска разлика на теренот.

Во моментот треба да се бориме за место во Шампионската лига. Титулата? Треба да бидеме реални!

Според засега, изнесените шпекулации од страна на англиските медиуми, италијанскиот стратег добил зелено светло од Абрамовиќ за преговори со ПСЖ односно клубот од Лондон сериозно влегува во трката за потписот на Нејмар, кој во последно време се почесто е поврзуван со кралскиот клуб од Мадрид.

Според извори блиски до клубот од Лондон, Абрамовиќ на лето е подготвен да го пушти Азар во клубот од Реал, а како замена би инвестирал во двајцата класа- играчи Роналдо – Нејмар.

Дали ова е возможно односно дали “Сините“ ќе успеат во својот клуб да ги донесат Роналдо и Нејмар, а по цена на тоа да го пуштат нивниот најдобар играч Еден Азар во кралскиот клуб, останува  да видиме.

поврзани објави

Последни објави