3.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

Февруари или „воден“: Ова се народни верувања за месецов

Февруари е посебен месец, краток, колеблив и неодлучен, а во народот е познат и под името „воден“. Со водата сѐ брзо заминува. И понатаму е ладно. Кај народот постојат бројни верувања поврзани за овој месец.
Кој се родил во февруари знае дека тоа е воедно и најсреќниот месец во годината. Февруари е значаен и за оние кои планираат да се венчаат.

Нашите предци смислувале своја временска прогноза врз основа на случувањата во природата. Кога е февруари во прашање, народниот календар за прогнозата за времето и денес е прилично точен. Проверете и уверете се:

-Ако февруарското убаво време измами муви, март ќе ги уништи.

-Старите луѓе велат дека ако мачка се сонча на февруарско сонце, тогаш во март ќе биде склопчена крај печката.

-Ако на Свети Трифун врне, тогаш сливата ќе има добар род.

-Ако грее често сонце, тогаш ќе има снег во март.

поврзани објави

Последни објави