fbpx
20.8 C
Skopje

Навивачите на Ливерпул во шок: Кутињо се враќа на Ендфилд?!

АКТУЕЛНО

Најскапиот играч на Барселона би можел да се врати во Англија, и тоа само неколку месеци по трансферот во каталонскиот клуб.

Веројатно кога ја прочитавте оваа реченица веднаш на памет ви доаѓа дека во најава е некој невозможен трансфер, иако во денешниот фудбалски свет се е возможно, но не, сепак можете да бидете мирни бидејќи Кутињо не се враќа во дресот на Ливерпул, туку на бразилската репрезентација која на овој стадион или на Стемфорд Бриџ ќе се сретне со Хрватска како генерална проба пред Светското првенство во Русија.

Учеството на Кутињо на таквиот натпревар ќе зависи од успехот на неговиот клуб во Лигата на шампиони. Инаку, денеска Кутињо истакна дека не дошол во Барса за да ја освои Златната топка, туку за да освојува што повеќе трофеи.

Дали англичани ќе можат да го гледаат овој играч многу скоро на терен во Англија, останува да видиме….

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -