18.8 C
Skopje
Tuesday, October 8, 2024

(ФОТО) ФФМ ја комплетираше „Куќата на фудбалот“, Чеферин порача: Нема повеќе алиби, Македонија мора да игра на ЕП!

Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин заедно со претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски и потпретседателот на Владата на РМ, Кочо Анѓушев официјално го пуштија во употреба новиот капитален објект на Фудбалската федерација на Македонија – новиот сместувачки капацитет за Академијата на ФФМ и младите национални селекции.

Александар Чеферин ги потенцираше заложбите на ФФМ за македонскиот фудбал да зачекори на вистинскиот пат.

„Чест ми е да сум со вас тука во Скопје, секогаш ми е убаво тука. Би сакал да ѝ честитам на ФФМ, која заедно со УЕФА направи големи проекти за развој на фудбалот во земјата. Три стадиони во земјата се реновирани, вклучувајќи ја и арената „Филип Втори“ која беше домаќин на фантастичниот Суперкуп на УЕФА меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед. Македонија има услови, има база за прогрес на фудбалери. Бројот на терени расте, инфраструктурата се развива, а наскоро ќе го отпочнеме и четвртиот „Хет-трик“ проект на УЕФА. Младинскиот фудбал е приоритет за многу федерации, Македонија отиде чекор напред во тоа. Тимот до 21 година играше на ЕП, додека репрезентациите до 19 и 17 години учествуваат во елитната фаза на УЕФА. Исто така, ФФМ постави и академија за млади фудбалери. Има таленти во оваа земја. Би сакал да ја најавам и новата Лига на Нации, во која Македонија е во одлична позиција во лигата „Д“. Имате група на искусни фудбалери, потпомогната од новите деца. Му кажав на Илчо, нема веќе простор за алиби. Македонија има добра шанса да игра на ЕП. Македонија фудбалски е на повисоко ниво, а УЕФА секогаш ќе биде нејзин партнер“, рече Чеферин.

ФОТО

Повеќе за ова на Sportclub.mk

поврзани објави

Последни објави