fbpx
20.8 C
Skopje

Гатузо: Кутроне треба да си најде девојка…

АКТУЕЛНО

Џенаро Гатузо може да биде задоволен од досегашниот престој на клупата на Милан, но ќе се обиде резултатите на Милан да продолжат во сличен стил и до крајот на сезоната.

Поголемата доверба во младиот напаѓач Патрик Кутроне донесе ефект за „росонерите“, па тој со важни погодоци веќе стана миленик на фановите. Гатузо вели дека треба да внимава на притисокот и да продолжи со серијата.

– Не му правиле голем притисок на Кутроне. Не смее да дозволи да биде деконцентриран поради фактот што стана најмладиот фудбалер во историјата на Милан кој постигнал толку голови. Мора многу да работи и да одмора, се надевам дека ќе си најде убава девојка па ќе може да одмора и да води љубов, – истакнал Гатузо.

Следен противник на Милан е Сампдорија, а средбата се игра утре на „Сан Сиро“.

 

Извор: Дерби.мк

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -