Белгискиот фудбалер Еден Азард во предстојниот летен трансфер период со сигурност ќе биде мете на европските великани, но желбата да го доведе овој фудбалер во сопствените редови, најмногу пројавува Реал Мадрид.
Веќе одредено време се шпекулира дека Азард не сака да го продолжи договорот со Челзи поради што летово би можел да го напушти клубо. Дополнително рабоитете ги закомплицира и таткото на фудбалерот кој изјави дека неговиот син сака да премине во Реал Мадрид.
New contact? 📝 for Eden Hazard pic.twitter.com/EmhZDMiST6
— LampardTweets (@LampardTweets) February 15, 2018
Меѓутоа навивачите на Челзи утрово се многу добро расположени откако се појавија фотограафи од Хазард како снима видео на „Стенфрод Бриџ“. Многумина веруваат дека Азард снима видеоа со кое ќе биде објавено дека потпишал нов договор. Но има и такви кои веруваат дека се работи за само обична реклама.
Извор: 24Фудбал