Во текот на вчерашниот ден, државјанин на Гана се обидел нашата држава да ја напушти со лажен пасош на Италија, но при обидот бил откриен и задржавн.
Некаде околу 13.30 часот на ГП„Аеродром Александар Велики“ на излез од Р.Македонија, поради употреба на фалсификуван италијански документ бил приведен 24-годишниот А.Б.од Гана.
Лицето било преземено од страна на инспектори од ОПКМСР, и по консултација со ЈО, на истиот му биле одземени личните документи и ќе му биде поднесена кривична пријава по редовна постапка.