fbpx
20.8 C
Skopje

Фабрегас го најави планот на Челси за реваншот на „Камп Ноу“

АКТУЕЛНО

Сеск Фабрегас не го криеше разочарувањето од ремито на неговиот Челси против Барселона и тоа пред се бидејќи гостите постигнаа погодок по големата грешка на одбраната на англискиот тим.

Шпанецот смета дека заслужиле победа.

– Штета што не победивме. Мислам дека бевме одлични, го исполнувавме нашиот план целосно, бевме компактни, цврсти, игравме како тим и создававме шанси. Вилијан можеше да постигне хет-трик, а сега заминуваме дома тажни поради тоа што не победивме.

– Се уште ништо не се знае, но ќе ни треба фантастичен настап на „Камп Ноу“. Мораме да одиме и да напаѓаме, бидејќи ако се браниме 90 минути, ќе ни се видат како вечност, тоа ќе биде самоубиствена мисија. Треба да ја играме нашата игра и да покажеме карактер, – вели поранешниот фудбалер на Барселона.

Извор: Derbi.mk

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -