14.6 C
Skopje
Monday, October 7, 2024

Заев: Експерти на Светска банка ќе прават анализа на ПИОМ

Премиерот Зоран Заев денеска информира дека ангажирале експерти на Светска банка и оти се прави комплетна анализа на структурата на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

Заев во попладневниот дел на седницата за пратенички прашања појасни дека се прават анализи со сите податоци до кои може да се добијат одговори на важни прашања. Дел од прашањата се: кој се зема зема пензија, дали секој зема пензија според закон, до кога ќе важат субвенциите за одредени лица, како се пресметуваат придонесите и дали има злоупотреба, каква е структурата за полнење на Фондот…Посочи дека кога анализите ќе бидат готови резултатите ќе ги соопштат пред Парламентот.

Тој напомена „логиката во минатите години покажа дека бројката на невработеноста од 37 отсто беше намалена прво на 23, па на 22 отсто….

– Тоа логично треба да значи дека Фондот се полни, а всушност тој создава се поголем дефицит, се поголема е дупката во Фондот. Годините за пензионирање пораснаа опциски, на 67 години за мажи и 65 години за жени, иако еднаквоста сите ги става пред Уставот како еднакви категории. Тоа само по себе треба да носи плус полнење на Фондот, но дупката сепак се зголемува. Во минатиот период се укинати основите за пензионирање по основ на стаж со 40 години и стаж и сето тоа требаше да придонесе кон полнење на Фондот, но тој постојано се празни, рече Заев.

Заев потенцира дека дефицитот во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување државата го покрива секоја година од буџетот и оваа година е околу 500 милини евра. Нагласи дека ако државата тоа не го прави, тие пари ќе одат во водоводи, канализации, патишта, градинки, училишта, болници… Заев посочи дека плаќаат стари фактури и за проектот „Скопје 2014“.

– Најголем резултат на ваквата состојба се чист и гол популизам и ништо повеќе. Спремен сум да дебатирам за тоа со секој и ова не е добро и апсолутно не е татковински, ни патриотски. За да се фалите заради избори, а притоа окото да не ви трепне како со годините расте буџетскиот дефицит и се зголемува дупката во Фондот. Апсолутно тоа кажува се. Тие генерации во последните години требало да водат грижа барем за својата пензија, но веројатно било послатко да се манипулира и да се лаже, добивајќи избори, лажејќи го својот народ. Некој на крајот ќе дојде и треба да најде начин, рече Заев.

Премиерот посочи дека веројатно ќе треба да се повлечат непопуларни мерки, но по заздравување на економијата во Македонија, која како што рече сепак заздравува. Првата мерка е покревање на годините за пензија, а втората е покачување на придонесите за вработување. Нагласи дека сето тоа треба да биде проследено со сериозен пакет на економски мерки.

– И опозицијата треба да биде овде и да испраќаме сериозни пораки за стабилна држава и сериозно да се поставиме и кон соседството и насекаде ако сакаме да создадеме амбиент кој Македонија може да го создаде, рече Заев.

поврзани објави

Последни објави