5.8 C
Skopje
Friday, March 29, 2024

Вељановски: Освен „стрпете се“ нема ниту една друга реакција за скандалот од Министерството за култура

Роберт Вељановски рече дека суштината на проблемот е многу подлабока. Тој на свјот Фејсбук статус напиша „Да, годишната програма е навистина заштитничка. Се заштити коалицијата помеѓу СДСМ и ДУИ“.

Во таа програма спорни се многу моменти, од моменти каде што има сериозни соменија дека има непотизам, дека се делени пари заради некои поинакви активности. Ако минатат влада која за 2017 година поддржала со годишната програма 1.593 проекти и беше обвинувана за популизам, овој состав на министерството за култура кој што има поддржано повеќе од 2.650 проекти не е популистичка? Уште поалармантно е тоа што освен „стрпете се“ нема ниту една друга реакција од  министерството за култура истакна поранешниот директор на Драмскиот театар, Роберт Вељановски во емисијата „Ѕид“ на Алфа ТВ.

Вељановски рече дека суштината на проблемот е многу подлабока. Тој на свјот Фејсбук статус напиша „Да, годишната програма е навистина заштитничка. Се заштити коалицијата помеѓу СДСМ и ДУИ“.

  • НУ Драмски театар Скопје – 6 +1 проекти , 7.250.000 денари! Драмски – 200 изведби во годината!!!
  • НУ Тетовски театар од Тетово – 7 проекти, 6.800.000 денари! Тетовски – 20 изведби во годината!!!

Вељановски додаде дека огромен број на реакции пристигнаа за скандалозниот проблем кој го направи Министерството за култура.

Овој скандал тој го спореди со сличниот скандал кој се случил деновиве во Словенија. Тој истакна дека во Словенија за разлика од кај нас, сите биле повикани од Министерството за култура, Министертвото за финансии и од претседателот на Владата за да се изнајде решение околу спорните нешта. Тој смета дека кај нас проблемот многу ќе се пролонгира што тоа не е коректен однос на Министерството за култура и владата на СДСМ.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -