4.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

И Петар Богојески со разумен предлог за дислокација на споменикот на Андон Ќосето

Заменик-генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Петар Богојески им се приклучи на Петар Колев, член на Инициативниот Комитет на Граѓанско Демократската Унија и генерал Стојанче Ангелов во повикот до власта за разумно решение на проблемот со дислокацијата на споменикот на Андон Ќосето, кој се наоѓаше пред зградата на Врховниот суд во Скопје. Споменикот на познатиот македонски револуционер беше отстранет пред два дена, со образложение дека е дивоградба со одлука на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.        Ви го пренесуваме во целост предлогот на г-н Петар Богојески, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, објавен на неговата официјална facebook страна:

„АПЕЛ 
од Војводата Андон Лазов – Ќосето за национално обединување во Република Македонија!!!

Сите граѓани на РМ, заедно да се обединиме околу споменикот на Војводата Андон Лазов – Ќосето, а не да се разединиме.

1. Советот и Градоначалникот (и тоа мнозинтвото од СДСМ – ЛДП – ДУИ) на град Велес да донесат одлука за изградба на таков споменик, за Војводата да најде мир во својот роден град!
2. Сите ние почитувачи на ликот и делото на Војводата да собереме донација за негов транспорт. (Тука очекувам да донираат и Албанци, зашто Војводата животот го посвети на борбата за слобода од отоманскиот и српскиот јарем врз Македонија).
3. Постамент да донира компанијата која ги изработуваше постаментите во проектот Скопје 2014, за која имам информација дека е во сопственост на истакнат патриот од Скопје. (Ако он одбие, повторно со донација и со искористување на делови – мермер и сл. од стариот постамент, ќе го направиме сите граѓани заедно).
4. На 10 септември 2018 година, денот за помен на Војводата, на општо народна веселба во Велес, да се отвори за јавност споменикот со присуство на вмровци, сдсмовци, либерали, анархолоберали, албанци и бошњаци од велешко… сите заедно да му дадеме мир на човекот!

Тоа е Македонија од 21от Век!
Тоа е Европска Македонија на дело!“

Извор: Трибуна.мк

поврзани објави

Последни објави