14.6 C
Skopje
Monday, October 7, 2024

СЕ ОГЛАСИ И ПСЖ: Новиот услов и останување на Нејмар во ПСЖ се….

Многу се пишува и говори за Нејмар во изминатиов период и тоа за можноста по само една сезона да го напушти лидерот во француксиот шампионат тимот на Пари Сен Жермен.

Информациите говорат за наводно незадоволство на Бразилецот, се направи и листа на вистинските причини за назадоволство за да денеска „Тајмс“ излезе со информација дека Нејмар и соработниците го уценуваат ПСЖ за да остане во сегашната средина.

Наводно при посетата на првиот човек на „светците“, Насер Ал Келаифи во Бразил му било посечено да му се зголеми неделната плата на Нејмар од 750,000 на 1,3 милиони евра ако сака напаѓачот и наредната година да биде дел од ПСЖ.

Меѓутоа по оваа вест веднаш дојде демант и тоа од „Л Екип“ кој тврди дека ваквите инфомрации воопшто не се точни, а за тоа доби потврда од клубот.

Неј има договор со сегашниот клуб до 2022 година, а како негова следна дестинација во изминатиов период се споменува Реал Мадрид.

Извор: Дерби.мк

поврзани објави

Последни објави