21.8 C
Skopje
Wednesday, May 1, 2024
Платено политичко рекламирање

Колев: Мојата визија за ГДУ, а и мојот тим ќе работи на тоа да бидеме искрени и разумни политичари

Претседателот на ГДУ, Петар Колев, во својот прв говор на основачкото собрание, пред делегатите на партијата истакна дека тој како претседател ќе се вложи максимално за ГДУ да биде партија која ќе ги имплементира европските вредности во Македонија.

„Ќе работам и ќе се вложам до максимум, ГДУ да биде онаа моторна сила која ќе ги предизвика, повлече но и реализира потребните промени за модернизација и европеизација на нашето општество. Тие промени почитувани ни се потребни за добробитот на граѓаните на нашата земја, на секој еден од нас, а не за галење на политичките суети на една или друга политичка елита.
Повеќе од јасно е дека граѓаните на нашата земја, особено нашата генерација е длабоко решена да ја види Македонија како член на ЕУ и НАТО.
Тогаш нека ги обединиме силите, знаењето и стекнатото искуство, особено со нашата работа во европските земји и нека заедно ги имплементираме европските правила и вредности.
Испраќам јавен апал до сите наши сограѓани без разлика на верска и национална припадност и особено до оние наши сограѓани кои се надвор од Македонија, кои учеле или работат во европските земји да ни се приклучат и да допринесат во овој процес за промена, модернизација и европеизација на Република Македонија.
Не се очекуваат чуда за да може да успееме во оваа наша цел. Потребно е упорност, решителност и верба во потенцијалот на нашата Македонија. Jас верувам дека Mакедонија може!!
Во последните неколку месеци откако ја започнавме иницијативата за формирање на ГДУ комуницирајки со многу наши сограѓани ја видов и нивнатА желба и верба дека Македонија може.
И како што спомнав не се потребни чуда, просто докажаните европски модели кои функционираат во Европската Унија и развиените западни демократии како Германија, Франција, Италија, Шведска и.т.н да ги адаптираме и да ги приложиме овде во Македонија.
Почитувани пријатели како во животот така и во политиката има два типа на луѓе, политичари и политички субјекти.
Едниот тип на луѓе се оние кои многу зборуваат, зборуваат она кое сакате да го слушнете, брзо се доближуваат до вас, стануваат ваши пријатели и ви ја добиваат довербата.
Но многу скоро разбирате дека ниту биле добронамерни ниту биле ваши искрени пријатели.
Другиот тип на луѓе се оние кои внимаваат што зборуваат, кога ќе споделат нешто со вас го прават искрено, секогаш кажуваат што мислат макар и некогаш тоа што ќе го кажат да не ви се допаѓа.  Ви ги споделуваат вашите недостатоци и се обидуваат да ви помогнат да ги надминете.
Такви луѓе, но и политичари и политички субјекти тешко стануваат ваши пријатели, но ако ја добијат довербата ќе останете пријатели цел живот. Такви се всушност нашите пријателства и другарства од детсвото кој секој еден од нас ги има.
Мојата визија за ГДУ, а и тимот кој ќе го формирам ќе работи за тоа да бидеме од вториот тип на политички субјекти. Искрени, реални и разумни!
Да ги констатираме проблемите, но и да се стремиме да предлагаме конкретни решенија. Без популизам, манипулации и раскажување на шарени бајки. Човечкиот живот е премногу краток за да се губи ценето време со такви нереалнисти.
И од каде треба да се започне?
Станува очигледно дека оваа така лоша варијанта на парламентарна демократија исклучително скапо го чини македонскиот данокоплатец. Членовите на парламентот но и на Владата многу често ја злоупотребувале и сѐ уште ја злоупотребуваат својата позиција за личен бенифит. Повеќе од јасно е дека овој изборен модел е исцрпен од содржина и само помага да се мултиплицираат добро познатите практики во Македонија.
Монополот во економијата е опасна појава, но монополот во политиката е уште по опасна. Овој изборен модел ги штити постоечките монополисти во политиката, но истовремено со тоа не дава можност за реален политички натпревар и го суспендира право на глас на граѓаните и гарантираното право да избира. Затоа ние од ГДУ ќе се залагаме за смена на изборниот модел и намалување на пратениците во собранието. Македонија како една изборна единица, со отворени листи и драстично намален број пратеници.
Тоа ќе даде можност на граѓаните да избираат, а не како до сега султаните во партиите да ги редат листите согласно послушноста на кандидатите.
Зошто намален број на пратеници? Затоа што половината од сегашните 120 не одат на работа или ако се таму спијат во удобните кожени фотелји и се занимаваат само со собирање на ливчиња од патарините. Јас несакам, а се надевам и вие не сакате вашите пари платени како даноци да бидат трошени по таков начин.
Всушност овој изборен модел кој ние го предлагаме функцинира со мали различности во мнозинството земји во ЕУ.

Корумпирани институции и политичари, дискредитирани општествени вредности не можат да создадат материјални блага, услови за развој на образованието, здравството, науката и економијата. Затоа еден од нашите основни приоритети е битката за создавање на правна држава и владеење на правото. Таму каде што нема ред и правила нема ниту просперитер.
Затоа ние ќе се стремиме за сериозни промени во судството и јавното обвинителстно . ГДУ ќе го вложи целиот свој капацитет за тоа во нашата земја да завладее правото.
За да можеме да создадеме генерации кои ќе одговорат на предизвиците на новото време, очекувањата на европскиот пазар на трудот, кои да можат да се справат со конкуренцијата на своите врсници од западно европските земји ние мораме да го модернизираме и европеизираме нашето образование по докажаните практики и стандарти на Европската Унија.
Нека се вложиме до максимум за да им овозможиме на нашите деца рамен старт со нивните врсници од европските земји. Подготвените и добро образовани кадри се онаа сила која ќе го продолжи патот на европска Македонија. Какви идни генрации ќе создадеме, таква држава ќе имаме во иднина! Само здравите луѓе се способни да работат, творат и создаваат.
Затоа еден од нашите приоритети е и здравството.
Здравствениот систем за жал е во катастрофална состојба. Материјалната база, условите за работа на медицинскиот персонал како и правилата по кои се случува реализациата на здравствената заштита за жал се во трагична состојба.
Промените и во овој сектор со модели кои веќе функционираат во ЕУ се повеќе од потребни.
Наместо инвестирање во проекти од типот на галии, бронзени споменици и слично или пак нивно преместување од точка а до точка б, ние ќе се залагаме за инвестиции во здравството, како во материјалната база така и во личните доходи на медицинскиот персонал.

Почитувани, онаа скриена војна помеѓу работниците и стопанствениците во нашата земја мора да престане! Потребата од дијалог помеѓу нив е очигледна.
Државата би требало не да се меша и да диктира правила на дијалог туку да го предизвика и развива тој дијалог.
Кога работниците и стопанствениците ќе размислуваат во иста насока, тогаш е можен и поголем економски раст и стабилност во економијата.
Столб на нашата економија е малиот и средниот бизнис. Владите до сега биле концентрирани во големите капитални инвестици, каде што многу добро знаеме се и најголемите провизии и нерегуларности и го заборавија малиот и среден бизнис.
Државата удри со сета сила врз тој дел од нашата економија преку казни, санкции и глоби.  Тој товар кој некој намерно му го стави на малиот стопанственик треба еднаш за секогаш да биде тргнат.
Администрацијата би требало да му помага а не да му става сопки“, изјави во својот говор, Петар Колев претседател на Граѓанско Демократската Унија.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави