Русија ја предупреди Македонија за негативните последици за регионалната безбедност и билатералните односи од приемот на земјата во НАТО.
Ова беше соопштено од руското Министерство за надворешни работи по состанокот на заменик-министерот за надворешни работи Александар Грушко со македонскиот амбасадор во Москва, Гоце Карајанов.
„Имаше размена на ставови за ситуацијата на Балканот. Руската страна ги истакна негативните импликации за регионалната безбедност и билатералните односи од плановите за вклучување на Република Македонија во НАТО“, соопштија од МНР на Русија, пренесе новинската агенција ТАСС.