18.8 C
Skopje
недела, април 19, 2026

Притвор за делчевецот осомничен за полов напад врз малолетничка

Делчевецот којшто изврши полов напад врз малолетно девојче на негови пријатели доби 30-дневен притвор.

Јавното обвинителство на Република Македонија денеска соопшти дека 46-годишниот делчевец на 16 март околу 20 часот дошол во посета на соседите во време кога родителите на девојчето не биле дома и со намера да ги задоволи своите полови страсти извршил полово дејствие над девојчето заканувајќи му се да не кажува.

Надлежниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Кочани поднел предлог за определување мерка притвор имајќи ја предвид тежината на делото за кое е пропишана казна затвор од најмалку 12 години. Надлежниот јавен обвинител оценил дека постојат и околности што укажуваат на опасност од бегство на осомничениот и влијание врз сведоците и попречување на постапката.

 

поврзани објави

Последни објави