Категорично ќе ја заштитиме мермерната плоча која му припаѓа на стариот храм „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје. Ова за БГНЕС го кажа претставникот на македонското министерство за култура Петрит Сарачини, по денешната сторија на нашиот портал „Поглед.мк“ кој ја информираше јавноста за случајот.
Се што зависи од нас ќе биде направено. Станува збор за мермерна плоча, која му припаѓала на стариот храм „Рождество на Пресвета Богородица во Скопје“. Таа датира од 1879. г и на неа пишува: Главната врата на Бугарската Народна Црква Рождество Пресвета Богородица 20 јули 1879 година, вели Сарачини.
Откако ќе ги установиме сите факти, министерството за култура ќе излезе со официјално соопштение за јавноста, вели Сарачини.
Линк од текстот кој што беше објавен на Поглед.мк – ОВДЕ