Природниот алкохол, гроздовиот дестилат, или популарната ракија покрај социјалниот момент кој е многу важен во животот на многумина, може да биде и делотворен лек против разни заболувања.
Алкохолот предизвикува вазодилатација (проширување на крвните садови), состојба која е особено важна за луѓето кои патат од покачен крвен притисок!
Се разбира, се мисли на консумирање на една до две чашки ракија, не повеќе!
Зошто? Затоа што, претерувањето со алкохол може да доведе до оштетување на црниот дроб, панкреасот, промени во мозокот кои доведуваат до несакани реакции и.т.н.
Со алкохолот треба да се биде особено внимателен при ниски надворешни температури, бидејќи, се добива лажно чувство на топлина и губење на осет за реалната температура, при што може да дојде до премрзнување!
Ракијата исто така е моќно средство за дезинфекција, борец против бактериите, а го забрзува и крвотокот и го опушта нервниот систем…
Популарниот напиток, зимно време добива своја слатка, топла варијанта.
Еве го рецептот:
Потребни состојки:
4 супени лажици шеќер
250мл ракија со околу 40% алкохол
100мл вода
Подготовка:
Во ѓезве ставете го шеќерот да се карамелизира, потоа тргнете го од рингла и веднаш додадете ја ракијата и водата. Вратете на рингла за да проврие и да се растопи шеќерот, притоа постојано мешајќи.
Консумирајте дури е топло и повторно со една напомена, НЕ повеќе од една чашка.
На здравје!