Македонија добива иницијална поддршка за искористување на англиските фондови за помош и развој.Ова го договориле министерот за земјоделство шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски со својот британски колега во Лондон.Во рамки на официјалната посета на Лондон, министерот Николовски се сретнал и со претставници на англиско-македонската корпорација која што е веќе регистрирана во Македонија и преку која што ќе се спроведува проектот „Елисиум“, кој што е значаен за македонското земјоделство.
Извор: 24Вести