Францускиот напаѓач, Антони Марсијал ја тера својата трета година во Манчестер Јунајтед, но токму оваа натпреварувачка 2017/2018 може да биде последна за него на „Олд Трафорд“.
Интерес за него има од Јувентус, ПСЖ, Тотенхем… а причината за неговото евентуално заминување е слабата минутажа и фактот што е трет избор на Жозе Мурињо на неговата позиција зад Алексис Санчез и Маркус Рашфорд. Клубот му нуди нов петгодишен договор, но Марсијал бара гаранции дека ќе игра многу повеќе од тоа што сега го добива.
Тоа што е трет избор е уште еден проблем, а причината за таа одлука на Жозе и неговите соработници е заради неговиот ангажман на тренинзите и нивото на концетрација, пренесува Тајмс. Загриженоста била толку сериозна што клубот минатото лето се обиде да го доведе Иван Перишиќ од Интер, но двете страни не дојдоа до договор.
Марсијал сезонава има учинок од 11 голови и 7 асистенции во сите натпреварувања, но само на пет средби во низа бил во стартната постава. Од доаѓањето на Санчез некогашниот член на Монако само четири пати добил шанса од првата минута.
Извор: Дерби.мк