Непознат сторител измамил брачен пар ѝ им зел 12.000 денари.
Полицијата соопшти дека дека вчера во 10.45 часот В.Б.(73) од Скопје, пријавил дека истиот ден околу 8 часот во неговиот дом од страна на непознат сторител бил измамен и му биле земени 12.000 денари.
Сторителот, како што посочува полицијата, измамата ја направил на тој начин што дошол кај пријавителот и му понудил да му продаде шест кубни метри дрва за 12.000 денари. Сторителот на В.Б. му рекол да оди до „Стаклара“ во Кисела Вода каде наводно бил неговиот плац за да ги види дрвата. Откако пријавителот заминал во „Стаклара“, сторителот се вратил во неговиот дом и од неговата сопруга, доведувајќи ја во заблуда, земал 12.000 денари и се упатил во непознат правец.