14.8 C
Skopje
Sunday, October 6, 2024

Распишан јавниот повик за субвенции за купување велосипеди

Град Скопје го распиша јавниот повик со кој граѓаните ќе имаат можност да добијат субвенции за купување на велосипед.

Со јавниот повик, Градот ќе им надомести дел од трошоците на граѓаните кои ќе купат велосипед до 31 август.

– Средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира се во износ од 50 проценти од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход, како и 50 проценти од вредноста на адаптираниот велосипед за лица со телесна инвалидност, но не повеќе од 90.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход, појаснија денеска од Град Скопје.

Јавниот повик ќе биде реализиран по принципот „прв дојден, прв услужен“.

Заинтересираните граѓани треба да се жители на Град Скопје, досега да немаат добиено финансиски средства за набавка на велосипед и велосипедот да го имаат купено од денот на објавување до денот на завршување на јавниот повик.

Потребните документи може да се доставаат до соодветната Комисија, преку архивата на Град Скопје секој работен ден од 09 до 15:30 часот.

Подетални информации за јавниот повик може да се најдат на www.skopje.gov.mk/uploads/јавен повик за велосипеди.

Субвенционирањето за набавка на велосипеди е една од мерките на Градот Скопје за промоција на велосипедот како рекреативно и превозно средство.

поврзани објави

Последни објави