Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан со изнанадувачки оптимистичка изјава. Тврди дека разликите околу името меѓу Македонија и Грција може да се решат во следните 15 дена.
Овие коментари Хан ги даде при неговото обраќање пред Комитетот за надворешна политика во Европскиот парламент. Тој исто така кажа дека Македонија ја надминала тешката политичка криза и бележи напредок во спроведувањето на реформите и зачувувањето на меѓусоседските односи.
„Јас сум оптимист дека во наредните две недели ќе имаме решение. Решението ќе го отвори патот за почеток на преговорите за членство на поранешната југословенска Република Македонија. Мислам дека сите се согласуваат дека тоа ќе биде за доброто на земјата, за општеството и за целиот регион на западниот Балкан“, изјави Јоханес Хан, еврокомесар за проширување.
Извор: Алсат-М