Ливерпул игра како во транс во првиот полуфинален меч од Лигата на шампионите против Рома, а „Редси“ водат со 2:0 благодарение на двата гола на Мохамед Салах.
Египетскиот фудбалер го доведе својот тим до убедливо водство на полувреме од 2:0, откако постигна гол во 45. минута, повторно на асистенција на Фирмино, а Салах повторно, како да го ископира Меси со своето движење и завршница, па само ја поткопа топката над излетаниот голман на Рома Алисон за водство од 2:0.
Исто како и при првиот погодок, Салах не го прослави ниту овој гол против својот поранешен клуб Рома.