Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја пренесе својата загриженост за лошиот правец во кој се движи државата на економски и политички план. Слабеењето на економскиот стандард, политичкиот терор како и поделбите во општеството ги уназадуваат демократските капацитети на државата. Имаме една година на исклучително лошо владеење во кое граѓаните живеат полошо и ситуацијата е без изгледа за подобрување.
-Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ планира и голем протестен собир на кој ќе се изрази револт од катастрофалното владеење, но и ќе биде преставена понуда и решенија за излез од ваквата состојба, но очекуваме и недвосмилена поддршка од сестринските партии и Европската народна партија, посочи на средбата претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Претседателот Мицкоски ја потенцираше улогата на ВМРО-ДПМНЕ во процесот на креирање на реформските закони, каде што ВМРО-ДПМНЕ влијаеше на подобрување на тие законски решенија, а раководејќи се од интересот на граѓаните и запазувајќија европската перспектива на државата.
Од страна на претседателот на Европската народна партија, Џозеф Дол беше поздравена и недвосмислено беше искажана поддршка за политиките на ВМРО-ДПМНЕ во Македонија.