6.8 C
Skopje
Monday, March 17, 2025

Мицкоски: Лично мене ми се допаѓа Република Македонија, после лидерската средба ќе го кажеме нашиот став

– Што се однесува на прашањето за името, да почекаме утре лидерската средба, после неа ќе имаме став и позиција. Засега немам став, јас сум сериозен човек, за сериозни теми сакам да располагам со сериозни информации. Не би сакал да претпоставувам, ниту да одговарам на хипотетички прашања. Гледаме оптимизам, песимизам, и од грчка и од македонска страна прилична какафонија, така да ја почекаме лерската средба и ќе добиете одговори. Лично мене ми се допаѓа Република Македонија, рече Мицкоски.

Лидерот на најголемата опозициска партија во врска со дијалогот од процесот „Жан Моне“ рече дека токму на нивна иницијатива и активностите на партиското раководство во Брисел наместо во Париз се одржува во Охрид.

– Тука сум поканет на завршната вечера, очекувам од моите соговорници да разберам што е постигнато за време на работниот дел од процесот, рече Мицкоски.

поврзани објави

Последни објави