6.8 C
Skopje
Monday, March 17, 2025

Американските знамиња на половина копје во чест на загинатите во Тексас

Претседателот на САД Доналд Трамп нареди американските знамиња да бидат поставени на половина копје во знак на почит за жртвите во нападот во училиште во градот Санта Фе, Тексас, каде што десет лица, претежно ученици, беа убиени, а десет други повредени, известува МИА.

Посочено е дека американските знамиња во Белата куќа и другите јавни згради и места, воени бази и бродови, како и во американските амбасади ќе бидат поставени на половина копје до 22 мај.

Знамето на Белата куќа веднаш е поставено на половина копје.

Ова е втор најсмртоносен напад во училиште во САД годинава, по оној во февруари во сојузната држава Флорида, кога загинаа 17 лица.(МИА)

поврзани објави

Последни објави