Турскиот суд осуди 104 офицери на доживотен за учесто во неуспешниот обид за државен удар во 2016 година, објави Ројтерс, кој го цитира весникот „Хуријет“.
Судот во Измир пресуди против 104 од вкупно 280 обвинети „отежнувачки доживотни“ пресуди, што е најтешката можна казна според турското законодавство. Други 21 лица добија 20 години затвор за навреда против претседателот, а 31 беа осудени на 10 години и шест месеци за „членство во терористичка организација“, посочува весникот.
Над 240 лица, од кои повеќето невооружени цивили, беа убиени во ноќта на 15 јули 2016 година, кога група војници се обидоа да го нападнат парламентот и да го соборат претседателот Реџеп Таип Ердоган. Владата ја обвинува мрежата на имамот Фетхулах Ѓулен, кој се наоѓа во САД и кој е поранешен сојузник на Ердоган, за организирање на пропаднатиот преврат. Ѓулен, кој живее во самонаметнат егзил во Пенсилванија од 1999 година, негира дека е вмешан и го осуди пучот.
По обидот за државен удар, властите уапсија 160.000 лица и отпуштија ист број државни службеници како дел од голема чистка. Од нив, повеќе од 50.000 луѓе се обвинети и се наоѓаат во затвор во пресрет на судскиот процес.
Размерот на чистката предизвика загриженост кај групите за заштита на човековите права, како и меѓу западните сојузници на Турција, кои стравуваат дека земјата се движи кон авторитаризам. Владата ги оправда неопходните мерки со оглед на степенот на безбедносни закани со кои се соочува.