Интересна изјава пред финалето
Десниот бек на Ливерпул Трент Александар – Арнолд ќеја има во сабота најтешката задача на светот – да го чува Роналдо во финалето од Лига на шампиони.
Александар – Арнолд ја игра сезоната на животот во која целиот свет дозна и слушна за него. Тој со својот Ливерпул стигна до големото финале во кое ќе мора да го чува Кристијано Роналдо, но порачува дека веќе го поминал најголемиот „пекол“ на својата кариерата кога го чувал младиот фудбалер на Сити Брандон Баркер!?
Тоа беше пред неколку години кога Арнолд играше за У21 тимот на Ливерпул, а мечот против У21 тимот на Сити му беше еден од првите на позицијата десен бек.
Земајќи во предвид дека играл катастрофално, тренерот морал да го извади од игра, а младиот фудбалер порачува дека и ден денес се сеќава на Баркер и ноќната мора која тој му ја задал.