13.8 C
Skopje
Saturday, June 14, 2025

Државата не може да наплати штета од над 20 милиони евра цели 11 години, дали македонското судство на овој начин го покрива криминалот!?

Поради нерешен судски спор кој трае повеќе од 11 години, државата не може да наплати штета од над 20 милиони евра од обвинети за противзаконско работење при купување свински полутки, смрзнати пилиња, шеќер, тутун и пеница за пополнување на стоковите резерви“, информира порталот А1on.mk (прочитајте го целиот напис на А1он.мк/Макфакс). Како што пишува во статијата на порталот А1он, обвинетите префрлале пари на сметки на домашни и странски фирми, иако стоката не била целосно испорачувана.

Обвинителката Драгица Михајлоска, која е во пензија, во март 2005 година до кривичниот суд во Скопје поднела обвинение за злоупотреба на службената положба и овластување против тогашниот директор на Бирото за стокови резерви, Ванчо Пеловски, и против Димитар Марковски, директор на ТД „Рудине“, како и против Методија Смиленски, кој тогаш не им бил достапен на органите на прогонот. Според обвинението, Пеловски и Марковски им овозможиле на странски и домашни фирми од 1999 година до крајот на 2002 година противзаконски да заработат приближно 1 милијарда и 200 милиони евра.

Како што пишува порталот А1он, дури две години откако обвинението било поднесено, пред 11 години, започнува судскиот процес. Судењето го водела судијката Џенете Бегтовиќ, која ги одложувала рочиштата и закажувала нови. Бегтовиќ ги суди двата предмета на СЈО, каде што е обвинет Сашо Мијалков.

Во обвинението кое го објавува порталот пишува дека во 1999 година првообвинетиот Пеловски донираната хуманитарна помош – смрзнати пилиња од Грција во Македонија во количина од 1500 тони, која Бирото требало да ја диструбира, ја продал на фирмата ТД „Рудине“ по принципот „видено-продадено“. Откако Димитар Марковски, директорот на ТД „Рудине“, му доставил записници за извршена контрола, бил избришан долгот кон Бирото за стокови резерви, за пилињата кои биле пријавени како расипани. Во одбраната, Пеловски тврдел дека било пракса да не се вршат проверки дали е примена целата количина месо.

Според обвинението во 2001, обвинетиот Пеловски без одлука на Владата, склучил и договор за набавка на пченица со фирма од Кипар во количина од 36,5 милиони тони. Со „Ескпорт импорт банка“ склучил договор за кредит за купување на пченицата, кој бил префрлен на фирмата „Гимексс лимитед“ од Никозија, иако обвинетиот знаел дека стоката не е набавена.

Како што информира порталот, истата година Пеловски, без да обезбеди гаранција дека австриска фирма ќе ја исполни обврската, склучил договор со фирмата „Дон традинг“ за остстапување на побараувањето, што тогаш Бирото за стокови резерви го имала од „Жито Битола“. Обвинетиот склучил договор со „Жито Битола“, со што ја намалил обврската на фирмата кон Бирото за стокови резерви. Методија Смиленски, кој имал парично побараување од „Жито Битола“, поради неможност да го наплати, издејствувал да влезе со основачки капитал и да купи 38 % од акциите во „Жито Битола“, а испораката на пченица не ја извршил. Првообвинетиот Пеловски ја признал вината за ова кривично дело.

И покрај барањето на нашите колеги од „Макфакс“ и „А1он“ за изјава, првообвинетиот Пеловски не сакал да коментира ништо за судскиот процес.

Случајот како што пишува порталот А1он до денеска нема судска разрешница. Кривичното дело застарува следната година, 2019, а предметот сега е во рацете на судијката Оља Ристова. Првото следно рочиште е закажано за 3 јули.

Целиот напис прочитајте го на порталот А1он.мк – ИЗВОР – ОВДЕ

поврзани објави

     

Последни објави