Басем Вахба, адвокат од Египет, одлучи да го тужи шпанскиот репрезентативец Серхио Рамос затоа што ја повреди ѕвездата на Ливерпул Мохамед Салах.
Тој на гостувањето на една египетска телевизија потврди дека покренал тужба против Рамос и дека за тоа ќе му се побараат милијарда евра. Наведе дека тужбата е пратена на адресата на УЕФА.
“Рамос намерно го повреди Салах и за тоа треба да биде казнет. Ќе барам оштета од милијарда евра поради нарушување на психичко и физичко здравје, а сите пари ќе отидат на Салах и египетскиот народ“, рече адвокатот.
Она што е најважно е дека Салах нема да го пропушти СП во Русија, а дали нешто ќе се оствари и кој ќе биде исходот од оваа тужба ќе одлучи УЕФА.