5.8 C
Skopje
Monday, March 17, 2025

ФОТО: Најстариот мачор во светот го прослави 30. роденден

Откако го прослави 30. роденден, мачорот Рабл стана вистинска интернет ѕвезда, а сите го знаат како најстариот мачор во Велика Британија.

Неговата сопственичка, Мишел Фостер вели дека Рабл го купила во 1988. година, за својот 20. роденден и оти оттогаш се најдобри пријатели.

Мишел верува дека тајната на неговата долговечност е фактот што нема деца, па Рабл во голема мера ја добивал нејзината грижа и нега.

-Тој е прекрасен, иако со годините станал малку нервозен, вели сопственичката и додава дека се уште има живост во него.

Благодарение на друшството, три персиски мачки кои Мишел исто така ги чува во куќата, Рабл се уште е разигран и тешко кој би можел да поверува оти има 30 години.

Рабл неодамна имаше вистинска роденденска забава, која беше организирана кај локалниот ветеринар, а за својот голем ден доби најдобра храна за мачки и бесплатен преглед.

 

https://twitter.com/_HOPE4LOVE_/status/1004171477430644736?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=https%3A%2F%2Fkurir.mk%2Fmagazin%2Fzanimlivosti%2Ffoto-najstariot-machor-vo-svetot-go-proslavi-30-rodenden%2F

поврзани објави

Последни објави