Чекав на семафор во Франкфурт кога слушнав како Синан Сакич се приближува на раскрсницата. Пред мене застана возило чиј возач носеше наочари за сонце, додека надвор врнеше и грмеше. Можеби му сметаа светлата на семафорот. Под звуците на романтичната мелодија на Синан Сакич, фраерот ја извади главата низ прозорот, притискајќи на гаста и се издери: „Добрааа!“. Си помислив како можеше да знае дека сум негова сонародничка или Германка, па се запрашав, пто и проаѓа низ главата на една германка кога ќе ја чуе оваа мелодија и види ваков фраер.
„Овој сигурно прв пат вози кола во Германија“, се пошегува мојот пријател. „Погледни го како е среќен“, продолживме да се зезаме. Покрај нашиот сонародник на улицата стоеа и многу подобри автомобили од неговиот, но нивните возачи немаа потреба да го отворат прозорот и да ги известатсите учесници во сообраќајот каков автомобил возат.
Исто имаше и еден тип, најверојатно другар обожавателот на Синан, кој упорно го туражираше автомобилот кога се паркираше пред мојата зграда. Неколку случајни минувачи гледаа збунето бидејќи неговото доаѓање беше толку гласно што сигурно се слушаше неколку улици подалеку. Дека се работи за наш, сватив кога се јави на телефон, гласно говорејќи:„Еве сум со клата од фирма.“ Па нека се знае.
Вистина, селјаци од овој тип има насекаде и тоа не бира националност, вера или култура. Но сепак кога си веќе во туѓа земја, немаш ли барем мала потреба да го намалиш ддоживувањето.
Со текот на времето ми стана симпатично да го посматрам сличното однесување на некои имигранти и реакцијата на Германците. Само што во некои ситуации, како горе наведените, се правам дека не разбирам Македонски.
Од досегашното искуство, постојат два видови наши доселеници. Оние кои се помали од зрно афион, работат, слават и се возат во тишина и оние кои се однесуваат како да другите треба да бидат среќни што ја имаат привилегијата да бидат во нивно друштво.
И така тие со наочари за сонце одат низ супермаркет и викаат на цел глас од едниот крај на маркетот до другиот: „Ни треба ли кромид за гравот?“, а другиот му одговара преку педесетина луѓе кои стојат помеѓу нив:„Земи две главици.“ Па ќе дојдат на касата и на касиерката ќе и застанат над главата, џвакајќи мастика со десните заби и спуштени наочари на врвот на носот додека ги бројат еврата во новчаникот, притоа вретејќи го према редот позади него да би сви виделе колку се има.
Али ајде, ваквото однесување во туѓа земја сепак е безопасно. Она што навистина неможам да го разберам е отпорот спрема интеграцијата во општеството кое што го избрале како свое за нов живот.
Луѓе кои повеќе од дваесет години живеат тука и не знаат ни збор германски. Гастербајтери кои очекуваат другите да се прилагодат према нив и ги бараат своите права без да ги почитуваат туѓите. Па дај барем прилагодете се на малите работи.
Потруди се барем нешто да кажеш на германски, тие тоа навистина го ценат без разлика колку лошо ќе звучи и е граматички неисправно. Германците самите кажуваат дека нивниот јазик е тежок да се научи и го ценат секој напор. Остави некој цент бакшиш, Германците тоа го прават. Тоа е начин на кој се покажува почит према работникот.
Немој да фрлаш пластика во кантата за био отпад. Германците се строги и специфични во рециклирањето. Почитувај ги ознаките за велосипеди и пешачките патеки. Застани на црвено на пешачкиот премин иако нема возила на километри оддалеченост. намали го малку гласот на Синан. Извади ги наочарите за сонце во затворен простор.
Постои уште една работа која е можеби најиритирачка – гастербајтерите кои постојано плачат за Македонија. Најдобри ми се оние кои одат во Германија и после месец дена ставаат пост на фејсбук со песната Мерак ми е дома да си појдам и Мајко Македонијо, па неверојатно многу му недостигаат пријателите, роднините, соседите и службеничката во банка која три пати ја видел во животот и по цел ден ги тагира пријателите и коментира:„ Вака ќе правиме кога ќе се вратам.“ Картите се 60-70 евра, можеш уште утре да си одиш ако сакаш.
И на крај, можеби и најважно – немојте да плукате по Македонија. Колку и да ни било нас лошо, Германците сеуште мислат дека тоа е убава земја, па барем нека ни работи туризамот ако ништо друго. Жалењето оставете го за сонародниците бидејќи друго е кога меѓусебе го плукаме нашето.

