…Јасно е. Не станува збор ни за името, ни за идентитетот, ни за јазикот, ни за достоинството, ни за ЕУ, ни за НАТО. Станува збор за спас од затвор. Оти, амнестија на криминалците е единствената платформа на ВМРО-ДПМНЕ. И на чело со Мицкоски.
Да им беше нив до одбрана на Македонија од „капитулантскиот договор со Грција“, имаа шанса по втор пат да зборуваат за тоа во Собранието при повторната ратификација. Сите утрински соопштенија за „картелот на власт“, групни сликања на скалите во Собранието, читањето изјави од идиот камери, протестни маршеви низ градовите… се само замајување, за да се скрие вистинскиот интерес на Мицкоски – како да ги спаси од затвор вмровците што се осудени, обвинети или осомничени за криминали.
Така што, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ може да глуми дека не знае што ќе прави со референдумот за името. Ниту пак на кој начин би ја внел Македонија во НАТО. И може колку сака да кажува по интервјуа дека е „сериозен човек кој се потпира на мерит систем“. Нему референдумот му дојде супер како чип во пазарењето. Амнестија за референдум.
Од тоа да ја сакаш Македонија, до тоа да сакаш да го убиеш комшијата од преголема љубов за Македонија, има голема разлика. И не разбирам како може Мицкоски да бара амнестија за некој што тргнал да убива. Во напад на Собрание што бил организиран. Па самите тие две работи се неспоиви дури ни во една реченица – Амнестија за организиран напад на Собрание.
Целата колумна прочитајте ја на: СДК

