30.8 C
Skopje
Thursday, June 12, 2025

Австралија требаше за мене да биде рај, а ти ми ја претвори во пекол, ѓубре едно

Проклет да бидеш, проклет да бидеш, проклет да бидеш!

Се запознавме минатото лето во Охрид. Од твојата уста течеше река од бисерни зборови за тоа како живееш и како јас би живеела со тебе во туѓина.

Секој ден ми купуваше цвеќе, секоја вечер ја правеше романтична, во некое од ресторанчињата покрај Охридското езеро. Ми раскажуваше романтични приказни. Направи да се вљубам во тебе!

Моите дома ме разубедуваа, другарките ме предупредуваа дека те познавам само дваесетина дена, но јас како да бев во облаци. Никого не слушав. Те слушав само тебе и твоите убедителни зборови. Проклет да бидеш!

Ме однесе во твојот Мелбурн, камо никогаш да не отидев. Уште од првиот ден ми стана сомнително кога влегов во твојата куќа, ако руината во која живееме под кирија може да се нарече дом.

Машина за перење алишта немаш, ееееј во 21 век. Постои само една стара расипана кутија. Не се ни потруди да ме утешиш, туку ми рече, че те вработам негде конобарка и ако несакаш да переш на раце, плати во некој сервис.

Абе ти коцкар си бил? Проклет да си!

Почнаа да доаѓаат сомнителни, тетовирани типови и да бараат пари. Се претвори во Sвер!

-“Дај ми ја дневницата од сношти, гледаш дека должам мори.” Зар јас го заслужив ова? Ме излажа, ме изманипулира ѓубре едно.

Ех да бев некаде поблиску низ Европа, пеш ќе си отидев дома. Или да бев на некое место каде што има повеќе нашинци, ќе позајмев пари за карта. Овде никого не познавам, кинези, сингапурци, ладни лица без емоции, претворени во монструми кои само пари ги интересираат.

Ама ќе заштедам пари, ќе работам и по 15 часа ако треба, ќе заштедам и ќе те напуштам, ти зол човеку. Да дознае татко ми дека дигаш рака на мене, ќе те задави со два прста, црву еден.

Ќе зажалиш за сè што ми направи, ПРОКЛЕТ ДА СИ.

*Извадок од збирката раскази “Приказни од дијаспората”

Овој текст е авторски и не смее да се копира и реемитува.

поврзани објави

     

Последни објави