4.8 C
Skopje
Sunday, February 16, 2025

Имам Бајалди – најпознатиот Турски специјалитет

Имам бајалди е турско јадење, а неговото име во буквален превод значи „имамот се онесвести“. Приказната за тоа како ова јадење го добило името вели дека кога имамот го пробал јадењево, се онесвестил од добриот вкус.

Потребни состојки:

4 големи долги модри патлиџани

9 лажици маслиново масло (или повеќе ако е потребно)

12 чешниња лук

1 голем кромид исечкан на тенки полумесечини

2 пиперки, благи и исечкани на мали парчиња

1 голем домат, исечкан

1 шолја сечкан магдонос

1/2 лажица сол

1/2 лажица шеќер

1/2 лажица мелен бибер

1 голем домат, изрендан

Подготовка:

Ставете 1/3 шолја маслиново масло во длабока тава за пржење. Додадете го кромидот, целите чешниња лук и исечканите пиперки.

Пропржете сè додека кромидот не стане проѕирен. Мешајте постојано за кромидот и лукот да не потемнат. Ова е еден од клучните чекори за „Имам бајалди“.

Потоа во тавата додадете ги фино сечканите домати, магдоносот, сол, бибер и шеќер.

Гответе уште 5 минути.

Во друга тава загрејте 1/4 шолја маслиново масло и пржете ги модрите патлиџани на секоја страна додека не добијат златна нијанса, 1 – 2 минути.

Тргнете ја тавата од оган и ставете ги модрите патлиџани во тава за печење да се оладат.

Расечете ги модрите патлиџани по средината, до половина. Не сечете ги по целата должина.

Ако сакате да направите поголем отвор, користете ги рацете. Направете форма на кану.

Распоредете ја смесата за полнење еднакво низ патлиџаните. Наполнете ги убаво.

Потоа додадете го ренданиот патлиџан, покријте ја тавата за печење со алуминиумска фолија и направете неколку дупки на фолијата за да може пареата да излезе.

Печете на температура од 180 степени околу 45 минути сè додека патлиџаните не бидат готови.

поврзани објави

Последни објави