Денеска започна самитот на НАТО во Брисел каде што попладнево се очекува нашата земја Република Македонија да ја добие долгоочекуваната покана за членство во НАТО.
Во Брисел е присутна македонска делегација на чело со премиерот Зоран Заев. На дневниот ред ќе биде јакнењето на способноста за одбрана, борбата против тероризмот, проектирање на безбедноста и засилување на соработка со Европската унија.