Министерството за внатрешни работи објави видео од акцијата во која беа приведени пет лица за шверц на цигари, меѓу кои и градоначалникот на Ново Село, од редовите на СДСМ, Боро Стојчев.
Според полицијата синоќа во близина на село Бадилен, од страна на полициски службеници, се запрени две моторни возила натоварени со картонски кутии со цигари.
„Во едното возило имало 29 кутии со по 50 штеки и една кутија со 49 штеки цигари, а било управувано од страна на Б.С. (54), со сопатник Ј.С. од село Ново Коњарево. Во другото возило управувано од Г.С. (24) со совозач С.В (26) од село Ново Коњарево, биле натоварени 35 штеки цигари и една кутија со 49 штеки цигари и една штека со девет кутии“, велат од полицијата.