Каква е Вашата свекрва, според нејзиниот хороскопски знак?
За ужасните проблеми кои ги имаат двете жени во куќата, секогаш се зборувало и ќе се зборува.
Дознајте што можете да очекувате од мајката на вашиот сопруг. Односите меѓу снаа и свеќрва од секогаш биле деликатни.
И така, еве какви се свекрвите според нивните хороскопски знаци.
ОВЕН
Свекрвите родени под знакот на Овен, сигурно не се во најлошите, кои може да ги сретнете. Се разбира, и тие си имаат свои недостасоци, но генерално нема да се почувствуваат негативни ставови меѓу вас, дури и да постоитакво нешто.
БИК
Доста е да останете дома и да се грижите добро за нејзиниот син и нема да имате никакви проблеми. И кога велиме “да се грижите“, свекрвата подразбира да готвите подобро. Покрај тоа, оваа жена може да биде стабилна финансиска потпора за младото семејство.
БЛИЗНАЦИ
Ако ви се случи да живеете под еден покрив со свекрвата, подгответе си апчиња за главоболка. Овие дами не се злонамерни, но често се покажуваат доста неподготвени.
РАК
Ако мајката на љубениот ви е Рак и сакате да имате топли односи, тогаш подгответе се психички дека треба да и се “додворувате“. Сигурно нема да имате никакви проблеми, ако редовни и се јавувате по телефон, и го честитате празникот или и купите мал подарок.
ЛАВ
Да си дојдеме на зборот! Ако имате свекрва Лав, можеме само да ви посакаме успех. Овие дами сакаат да командуваат, а уште повеќе ќе им се допаднете ако секогаш се согласувате со нив. Кон своеволна лавица треба да се пристапи со должно почитување и внимание, никогаш не го заборавајте тоа.
ДЕВИЦА
Сигурни сме дека повеќето свекрви што се Девици се исклучително добри. Изгледаат добродушно и мило и секогаш се спремни да ви помогнат. Но таа сака да ви ја дава смислата на животот, да се жали за сите нешта и ако некогаш успеете да ги задоволите нејзините високи барања, тогаш нема да имате потреба да се вознемирувате.
ВАГА
Ова е еден од најдобрите знаци за свекрва, на кој може да наидете. Таа никогаш нема да се меша во вашите односи, дури спротивното – ќе ја почитува дистанцата, за да не ви пречи излишно. Немојте да се изненадите ако чести ви ѕвони да пиете кафе или да се прошетате по продавниците, таа едноставно сака да сте пријателки.