Во сообраќајната несреќа што вечерва се случи во близина на Соборниот храм во Скопје тешко повреден е пешак кој чекал да ја помине улицата.
Во сообраќајката во 20:05 часот се судиле два автомобила БМВ и Мерцедес, а пешакот кој бил удрен летал неколку метри од ударот. Тој е пренесен на скопските клиники и нема информации за неговата состојба.
Увидот на местото на настанот е во тек.