Студентскиот Пленум со соопштение:
„Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” под превезот на „компромисно решение“ се обидува да ни протне нашминкана варијанта на криминалниот СПУКМ. Спротивно од волјата на студентите, искажана на референдумот на 5 октомври.
УКИМ не мачкајте очи! Не се проблем само изборите на СПУКМ, туку нивната целокупна работа и функционалност! Тоа што Вие сакате да си обезбедите пристуство на студенти во управувачките тела само за да се осигурате дека нема да ви поништуваат одлуки, не значи дека со тоа ќе се реши проблемот. Престанете да се изземате од ситуацијата и конечно застанете на страната на студентите.
За крај, бидејќи дел од академската заедница има проблем со дефинирање на зборот „компромис“, сакаме да им укажеме дека овој збор опишува ситуација во која две спротиставени страни ќе дојдат до заедничко решение, а не ситуација во која едната страна сама ќе си напише и изгласа предлог“, се вели во соопштението на Студентски Пленум.