Во свое време многу популарната серија „Среќни луѓе“ , ја одбележа ликот на детето Неца на кого најдобар другар му беше кучето Симо.
Ликот на Небојша Голубовиќ Неца го играше Јанко Миливојевиќ, кој својот пат не го продолжи во актерството.
Јанко (30) е вклучен во семеен бизнис, работи во галерија и транспортира уметнички слики ширум светот, а пред две години стана и татко на девојче.
Иако снимал три години, денес тој има трема од камерите и повеќе ја сака работата со која се занимава отколку глумата.
Тој вели дека популарноста која ја стекнал како дете не му значела во животот, но подоцна финансиски му се исплатила.