„Овие луѓе позади нас, не ни се непријатели. Така им е наредено Ние можеме со нив да влеземе во конфликт, но тоа нема да биде правилно.
Ние бараме овде правда за Никола. Овој мирен протест, барам да завршиме помирно, за да душманите не речат овие се една банда која не знае што прави и не знае што сака.
Јас сум многу горд на овие момци кои што ги гледаме, кои пред седум дена дојдеа на погреб, затоа ќе замолам да оддадеме едноминутно молчење почит за Никола и мирно да си отидеме“, рече таткото на Никола Саздовски, момчето кое беше брутално претепано.