Членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Додовска вчера во емисијата “Само вистина” вели дека договорот со Грција може да доведе до трета Балканска војна и делба на Македонија.
Таа се надева дека сепак, народот може да се избори и да си ја спаси државата. Околу референдумот и евентуалните предвремени избори, таа вели дека предуслов за предвремени избори е закон кој на ВМРО-ДПМНЕ како опозиција ќе му овозможи исти услови за избори, кои ги имаше и СДСМ на времето со “Пржинската влада”.
Дали доколку се исполнат овие услови и се договорат евентуални предвремени избори, ВМРО-ДПМНЕ ќе обезбеди цензус за рефернедумот, останува да видиме.