Владата ги пушти во собраниска процедура измените на Изборниот законик со кои се предлага членовите на ДИК да се бираат со апсолутно (61 патеник) мнозинство а не како што беше до сега со двотретинско (2/3) мнозинство.
Предлог измените се со европско знаменце, Комисијата за избори и именувања нема да ја состави листата со кандидати туку целиот избор на членови на ДИК ќе го врши Собранието. Доколку политичките партии не предложат свои кандидати, претседателот на Собранието Талат Џафери има право да предложи во рок од три дена членови за ДИК.
Во моментов се одржува координација на пратеничките групи во Собранитето, ваквиот чекор на ВМРО-ДПМНЕ го оцени како скандалозен, затоа што велат дека никогаш до сега измени во Изборниот законик не се носеле без консултација со опозицијата.
Се очекува законот да се донесе по скратена постапка на собраниска седница, дознава Телма од високи собраниски извори.
Извор: Телма