Здраво, ве молам ова да го објавите анонимно…ми треба совет. Денес после 12 години брак за првпат го изневерив маж ми. Овој викенд бев со директорот на еден семинар и се случи. Ниту сега не можам да поверувам, директорот ми е скоро 20 години постар од мене, има 52 години, ама е неверојатно спретен во кревет. За првпат осетив ОНА НЕШТО, не можам со зборови да опишам, беше феноменално, досега вака ниту еднаш не ме задоволил маж ми.
Тој е веќе подолго време разведен и додека лежевме во кревет ми понуди да се премажам за него, да го оставам маж ми и двете ќерки и да почнам да живеам со него.
Му реков дека сериозно ќе размислам за понудата… искрено во овој миг би се омажила за него бидејќи во неговата прегратка за првпат се почувствував како дама, почувствував дека целиот свет е мој, дека можам се’ што ќе посакам, но малку ме загрижуваат ќерките, имаат 10 и 6 години, многу се поврзани со мене и за мојот маж, не знам како би реагирале.
Но од друга страна, нема да бидат единствени чиишто родители се развеле, а и парите ќе им надоместат се’…овој е прилично богат и живее раскошно. Стварно не знам, тотално сум збунета, чувствата ми се тотално помешани…ми се нуди прилика да уживам во животот и мислам дека не смеам да ја пропуштам. Ве молам за совет, што вие би направиле на мое место?