10.8 C
Skopje
Sunday, February 16, 2025

ФОТО: Кафе 40, плескавица 90 денари, бесплатни лежалки – погледнете го новиот ресорт на Преспанското Езеро

Преспа полека но сигурно го враќа својот сјај. Туристи има се’ повеќе, а полека се решава и недостатокот со сместувачки капацитети.

Порталот sky.mk пишува за еден новоотворен резорт на Источната страна на езерото:

„Прекрасна плажа со одлично опремен шанк, луксузен ресторан со одлични цени, како и сместувачки апартмани со поглед кон преубавото Преспанско езеро. Според она што можевме да го видиме, на брегот на Преспанското езеро уживањето е буквално за “џабе”.“

Погледнете ги цените и уверете се.

Макијато и еспресо за 40 денари, Кока кола и фанта за 50 денари, Скопско за 70 денари. Ловечката (шарска плескавица) изнесува само 90 денари.

Ресортот има и своја сопствена плажа која нуди бесплатни лежалки, како и одлично уреден шанк.

Новиот популарен ресорт и омилено место на туристите нуди нови луксузни апартмани опремени со Мини кујна, вц и туш тоалети, фрижидер, кабловска, клима и тераса со страничен поглед кон езеро, по цена од 1500 денари за цел апартман, додека пак со директен поглед кон езеро цената изнесува за 2000 денари/ноќевање во апартман каде може да преноќат 4 лица.

поврзани објави

Последни објави