11.8 C
Skopje
Sunday, February 9, 2025

Филип Петровски околу протестите на ВМРО: Истите неколку стотини луѓе се шетаат по тесни сокаци

Филип Петровски од конгресот на ВМРО-ДПМНЕ наваму води лична битка против новото раководство на најголемата опозициска партија. Многумина му забележуваат дека со своите активности, всушност прави штета на партијата, во желба тој да биде нејзин лидер. Други пак го поддржуваат во неговите заложби.

Тој не пропушта прилика да го нападне лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и да каже, како тој кога би бил лидер на партијата би се однесувал во конкретната ситуација.

Во текот на викендот, се појавија фотографии со споредба на бројноста на луѓе од прославата на владата за НАТО и партсикиот протест на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци. Разликата беше очигледна. Сепак, Филип во свој пост на социјалните мрежи, во кој ја анализира НАТО прославата, за протестите на ВМРО вели дека се одржуваат по “тесни сокаци” и на нив присуствуваат по стотина исти луѓе:

Posted by Filip T. Petrovski on Tuesday, July 17, 2018

поврзани објави

Последни објави