Роберт Вилкинсон е картограф и издавач на атласи од Англија и живеел од 1768 до 1825 година.
Најголем број од неговите карти биле издадени од издавачот Џон Боулс. Откако Боулс починал, неговата библиотека со мапи ја стекнал токму Роберт. Тој веднаш започнал со ажурирање на плочите до 1794 и тогаш го издал „Универзалниот атлас на светот“.
Уште еден атлас кој Робер го издал „Atlas Classica“ е од голема важност за нас и нашата држава, затоа што преку тие карти се гледа вистинскиот идентет на Македонија, како и важноста и влијанието што го имала нашата држава во тој период.
Бидејќи овој атлас е издаден многу одамна, неговите авторски права се истечени и е јавно достапен за секој кој сака да го види.
КЛИКНЕТЕ ОВДЕ доколку сакате да го разгледате атласот.
Податоците за Македонија ги има во првиот и третиот дел од атласот. Првиот е наречен „Света географија“, овде има сет од карти кои се наменети да го објаснат патот на Апостолите, кралевите, пророците и секоја земја е точно потенцирана. Овие податоци се превземени од Стариот и Новиот завет на светото писмо.
Третиот дел е наречен „Античка географија“ и се состои од мапи кои прикажуваат тврдења и описи од Класичните Автори.
Границите и територијата на нашата држава се прецизно означени на картата.